Домашни месни и млечни производи со Знак
за квалитет
Знаете ли дека месните и млечните производи
се едни од најчесто купуваните и сочинуваат 84% од секојдневната
исхрана? Поради тоа, тие треба да бидат проверени, вкусни,
свежи и квалитетни.
Знакот за квалитет е Ваш сигурен водич во мноштвото
млечни и месни производи на пазарот, бидејќи се доделува исклучиво
на домашни месни и млечни производи кои ги исполнуваат најсовремените
стандарди за квалитет.
Во Македонија, Знакот за квалитет го доделува Здружението
на производители и преработувачи на месни и млечни производи
во Република Македонија,
во кое членуваат над 50 производители.
Веќе 99 домашни млечни и месни производи го носат
Знакот за квалитет. За доделување и задржување на Знакот,
постојано се испитуваат суровините, производствените капацитети
и процеси, санитарните услови, како и финалните производи.
Со млечни и месни производи со Знакот за квалитет, за различни
пригоди самите подгответе специјалитети според приложените
рецепти.
...Изберете квалитет!
|