Лабораторија за Контрола на Квалитет

 

Лабораторијата, заедно со Здружението на приватните производители на млечни и месни производи во Македонија се стремат кон остварувањето на заедничката цел: производство на месни и млечни производи со потврден, постојан и гарантиран квалитет, кои ги задоволуваат потребите на потрошувачите.

Методите што се спроведуваат во лабораторијата се современи и меѓународно признати (одобрени и од Јавната здравствена асоцијација на САД). Во лабораторијата се испитуваат сите видови сурово млеко и млечни производи, како и сите видови сурово месо и месни производи. Се испитуваат хемиските и микробиолошките параметри за здравствената исправност на суровините и на производите.

За подетални информации посетете ја страницата: www.qclab.com.mk


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија