БАКРДАН

Потребни состојки:

· 3 грста пченкарно брашно
· вода
· 2 лажици масло
· сол
· сирење со Знак за квалитет
· јогурт со Знак за квалитет

Начин на приготвување:

Зовријте вода во подлабок сад од 2 л, може земјено грне, посолете ја и додајте 1-2 лажици масло. Со дршка од лажица измерете колку вода имате, па, според тоа, ставете толку грста пченкарно брашно (три прста вода - три грста брашно).


Кога ќе зоврие водата, внимателно ставете го брашното врз водата и на крај со дрвената дршка од лажицата направете отвори на 2 - 3 места. Оставете го бакрданот да врие подолго време на тивок огин. Кога водата ќе изврие наполу, иставете го бакрданот од огинот, измешајте го добро со дрвена лажица и попарете го со врело масло. Потоа со лажица натопена во масло вадете од бакрданот и ставајте во чинија. Одозгора посипете го со сирење. Служете го со јогурт.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија