ЧОРБА ОД МЛАДИ КОПРИВИ

Потребни состојки:

· околу 1 кг млади коприви
· 1 кг пилешко или јунешко месо
· главица кромид
· 3 компири
· 1 јајце (само жолчката)
· 3 лажици павлака со Знак за квалитет
· лимон, сол и малку брашно.

Начин на приготвување:

Компирите се обаруваат и ситно се сечкаат, одделно се вари месото. На масло се пржи исечениот кромид, се додава брашното,се промешува , се додаваат копривите и сe заедно се пропржува. Сето тоа се посипува со супата од месото и ситно исечениот компир. Потоа се вари уште некое време, се додава месото и уште малку се вари. На крајот се мешаат изгмечената жолчка, павлаката, сокот од лимон, солта и брашното и се додаваат во супата. Се остава да се вари додека да се згусне малку.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија