ЧОРБА ОД МЛАДИ КОПРИВИ

Потребни состојки:

· 1 кг млади коприви
· масло
· брашно
· кромид
· 1 јајце
· сол
· 1/2 кг кисело млеко со Знак за квалитет

Начин на приготвување:

Исчистете ги копривите како што се чисти спанаќ. Измијте ги и попарете ги со врела вода. Откако ќе ги сварите, исцедете ги и исечете ги ситно.
Во посебен сад ставете две лажици масло, додајте една лажица брашно и ситно исечкан малку кромид. На крајот во запршката додајте ги исечените коприви, пропржете ги малку и додајте супа од говедски коски, од пиле или млака вода, Откако ќе се свари чорбата, Зачиналете ја со јајца, измешани со киселото млеко.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија