ЏИГЕРИ ВО ПИКАНТЕН СОС

Потребни состојки:

· 500 г пилешки џигери
· 40 г путер
· 150 г кромид
· 1 лажица Зачинал
· 1 лажица брашно
· 1 дл бело вино
· 2 лажици кисело млеко со Знак за квалитет
· сол, мајчина душичка, сенф

Начин на приготвување:

На врел путер се пржат ситно исечканиот кромид и исечканите џигери. Потоа се додаваат брашно, мајчина душичка, Зачинал и малку сенф. Се меша смесата, се додаваат малку вода, вино и кратко се вари. Пред самиот крај се додава киселото млеко. Се сервира со разни додатоци: варен компир, пире од компири, ориз и сл
Совет: Џигерите се пржат кратко и не се солат пред пржење

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија