ЕЛБАСАН ПИЛЕ

Потребни состојки:

· 1 пиле
· 100 г путер
· 5 јајца
· 2 павлаки со Знак за квалитет
· 100 г кашкавал или 20 г пармезан со Знак за квалитет
· сол, Зачинал и масло

Начин на приготвување:

Пилето се посолува, се мачка со путер и се пече во покриена тава сi додека поцрвени. Печено се двои од коски, сето месо со кожата се сечка на коцки и се враќа во маснотијата во која се печело пилето. Се матат пет јајца со миксер, па се додаваат павлака и Зачинал. Смесата се меша со месото, а одозгора се посипува со пармезан, или со ситно рендан кашкавал.
Во загреана рерна се запечува додека добие црвена боја. Се служи топло со гарнир по вкус.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија