ЃУВЕЧ СО ПИЛЕШКО МЕСО

Потребни состојки:

· 250 г ориз
· 350 г пилешко месо
· 150 г кромид
· 1 дл зејтин
· 100 г зелени пиперки
· 150 г домати
· 1 лажичка Зачинал
· 3 г благ црвен пипер
· сол
· 200 г компири
· 2 л кисело млеко со Знак за квалитет

Начин на приготвување:

Исечканиот кромид се пропржува. Потоа се додаваат исечканото пилешко месо, зелените пиперки и компирот, изрежан на долги парчиња, и кратко се пржат. На крајот се додаваат оризот, црвениот пипер, солта и се залева со малку вода, па се остава да зоврие. По површината се редат резанки домати и се ставаат во рерна да се печат околу половина час на температура од 200 степени.
Кога сето тоа ќе се испече, се прелева со кисело млеко и се остава уште кратко да се потпече.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија