ЈОГУРТ - ТАВА

Потребни состојки:

· јагнешко месо од бутче или преден дел
· 1 кг овчо кисело млеко со Знак за квалитет
· 4 јајца
· 2 - 3 лажици брашно
· магдонос
· масло
· црн и црвен пипер
· сол

Начин на приготвување:

Исечете го месото на парчиња, ставете го во сад, посипете го со сол, црвен и црн пипер и со масло, налејте малку вода и ставете го да се динстува. Кога месото ќе омекне и ќе изврие водата, разматете ги брашното и јајцата во киселото млеко, додајте малку сол и сипете ја смесата врз месото. Посипете го јадењето со исечкан магдонос и ставете го во рерна да се испече.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија