ЌОФТИЊА СО СОС ОД КИСЕЛО МЛЕКО

Потребни состојки:

· 750 грама мешано мелено месо
· 1 кг кисело млеко со Знак за квалитет
· парче сув леб
· 2 лажици масло
· 1 главица кромид
· 1 јајце
· црн пипер
· магдонос
· 2 полни лажици брашно и сол по желба
· 1 лист мирудија

Начин на приготвување:

Исечете го кромидот ситно, испржете го на маслото, потоа иставете го од огинот и измешајте го со месото. Додајте ги јајцето, црниот пипер, магдоносот- ситно исечен и сувиот леб-натопен во вода и исцеден. Добро измесете сi и оставете ја смесата да постои на студено место за да се стегне.
Во поголем сад ставете да се загрее масло. Од приготвеното месо направете ќофтиња, валкајте ги во брашно и препечен леб и пржете ги на врело масло. Кога ќофтињата ќе бидат готови, додајте во маслото две лажици брашно, пропржете го, и ставете го млекото, измешајте го добро и разблажете го со малку вода или супа, не варете го. Додајте ситно исечен лист од мирудија.
Овој сос приготвувајте го непосредно пред сервирањето. Додајте ги ќофтињата во сосот, оставете ги да се варат малку, мешајќи да не се згрутчи сосот, и служете ги топли.
При подготвување на сосот не варете го додека не ги додате ќофтињата.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија