KОТЛЕТИ СО ПАВЛАКА

Потребни состојки:

· 4 свински котлети
· сол, црн пипер
· 1 лажица брашно
· 30 г путер или масло
· 1 дл супа од коцка
· 1 дл црно вино
· 1 дафинов лист
· 1 чаша павлака со Знак за квалитет

Начин на приготвување:

Котлетите се посолуваат и се премачкуваат со повеќе мелен црн пипер. Потоа се валкаат во брашно и набрзина се пропржуваат во масло или путер од двете страни. Котлетите се вадат од маснотијата и се чуваат на топло место. Во маснотијата во која се пржеле се додаваат вино, дафинов лист, црн пипер во зрна. Се враќаат котлетите и се динстуваат на тивок оган околу 30 минути. Се прелеваат со павлака и се служат со крокети од компири.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија