KРЕМ СУПА ОД МОРКОВИ

Потребни состојки:

· 250 г моркови
· 200 г праз (без перцата)
· 50 г путер или маргарин
· 1 лажица скробно брашно (нишесте)
· 4 дл супа од коцка
· 60 г пченкарно брашно
· 2 јајца
· китка магдонос
· 1 дл павлака со Знак за квалитет
· 2 лажици свежо рендан рен (или од туба)
· 1 - 2 лажици сок од лимон

Начин на приготвување:

Исчистените моркови се рендаат крупно, а празот ситно се сечка и заедно се динстуваат во 2 дкг. путер или маргарин (може и масло). Се залеваат со супа од коцка и се варат 15 минути. Во меѓувреме, на оган се става 1/8 литри вода, сол, остатокот од путерот и кога ќе проврие се додава пченкарното брашно. Кога ќе се згусне, се истава од огинот, се додаваат едно цело јајце и една жолчка и добро се меша. Во оваа смеса се додаваат половината од ситно сечканиот магдонос и ренот, а на крај цврсто изматената белка. Од оваа смеса со помош на лажица се прават долгнавести кнедли што се варат десетина мунути во солена вода. Во киселата павлака се додава скробното брашно и се меша со супата. Се вари уште неколку минути да се згусне супата, се дели во загреани чинии, се додаваат кнедлите од пченкарното брашно и сi се посипува со остатокот од магдонос, копар и рендан рен.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија