ЛУТО ЕЖЕ

Потребни состојки:

· 500 г мелено месо
· 3 јајца
· 3 парчиња бајат бел леб
· 1 главица кромид
· 5 лажици варен морков ( сечкан)
· 5 лажици варен грашок
· 1 сечкана феферонка
· 200 г кашкавал со Знак за квалитет
· 1 лажиче сол, Зачинал
· масло

Начин на приготвување:

Се замесува тесто од месото, јајцата, лебот претходно натопен во ладна вода, сечканиот кромид, морковот, грашокот, феферонката и од Зачиналите. Во подмачкана тава се моделира еж и се пече на тивок оган околу 2 часа. Кога е печено, над ежето се ставаат парчиња кашкавал, се закачуваат со чепкалки и се враќа во топла рерна да се стопи и разлее кашкавалот за да се добие оклоп. На крајот се боцкаат сечканите феферонки да имитираат боцки. Се служи ладно.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија