МАТЕНИЦА СО ТИКВИЧКИ

Потребни состојки:

· околу 1 кг тиквички
· сол
· 3 јајца
· 50 г кајмак
· 500 г пченкарно брашно
· млеко со Знак за квалитет
· маст

Потребни состојки за прелевање:

· 1 јајце
· 100 г кајмак


Начин на приготвување:

Исчистените тиквички се сечкаат на коцки, се посолуваат и се оставаат да се цедат. Одделно се матат 3 јајца, се додаваат исцедените тиквички, 50 г кајмак и пченкарното брашно. Се додава толку млеко за да се добие ни густо ни ретко тесто. Се пече во тепсија во која има стопено лажица маст. Кога е печена, се вади од рерна, се сече на парчиња, се прелева со матено јајце со кајмак, и се враќа да се допече. Се служи топла.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија