МУСАКА ОД ЗЕЛЈЕ (Градинарска зелка)

Потребни состојки:

· 3 китки зелје
· 250 г мелено месо
· главица кромид
· 3 јајца
· чаша млеко со Знак за квалитет
· чаша кисело млеко со Знак за квалитет
· масло
· Зачинал
· сол и црн пипер

Начин на приготвување:

Зелјето се мие, се чисти од подебелите делови и од рачките и се попарува со врела вода. Веднаш се цеди. Во масло се пржат исечениот кромид и меленото месо , и се додаваат сол, Зачинал и црн пипер. Во огноотпорен сад се реди ред зелје, ред месо. Јадењето се прелива со изматени јајца со млекко и се става во рерна да се потпече. Готовата мусака се служи со кисело млеко.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија