МУСАКА ОД МЛАДИ ТИКВИЧКИ

Потребни состојки:

· 1 кг тиквички
· 1/2 кг мелено месо
· 2 главици кромид
· сол, црн пипер
· магдонос
· 6 јајца
· малку брашно
· масло
· чаша павлака со Знак за квалитет
· чаша кисела вода


Начин на приготвување:

Тиквичките се лупат и се сечат на тркалца , се посолуваат и се оставаат да постојат околу половина час. Потоа се прпелаат во брашно и јајца и се пржат во загреано масло. Ситно исечениот кромид се пржи, се додава меленото месо, се пропржува и се истава од оган. Потоа се додаваат едно јајце, сол, црн пипер и исечкан магдонос. Во подмачкан сад се редат ред тиквички, ред месо, а одозгора треба да се заврши со тиквички. Мусаката се прелева со изматените јајца со павлаката и кисела вода и се става во рерна да се пече додека се впие целата течност и додека јадењето добие убава боја.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија