ПЕЧЕНИ ДОМАТИ СО КАШКАВАЛ

Потребни состојки:

· 1 кг свежи домати
· 100 г путер
· 200 г овчи кашкавал со Знак за квалитет
· 3 јајца
· 200 мл млеко со Знак за квалитет
· 50 г кромид
· 30 г брашно
· 1/2 китка магдонос
· сол

Начин на приготвување:

Измиените домати се сечкаат на потенки тркалести парчиња и внимателно се пржат додека да бидат речиси готови. Се цеди маснотијата и во неа се пржи ситно сечкан кромид. Се додава брашно и се промешува, на што се додава млекото и се меша. Во тавче се редат домати, се прелеваат со сосот и така додека да се потрошат двете масти. Меѓу редовите се става рендан кашкавал и се попрскуваат со остатокот со маслото во кое се пржеле доматите. Јајцата се матат, се разредуваат со остатокот од млекото, се посолуваат и се додава ситно исечкан магдонос. Со оваа смеса се прелева јадењето и се става во рерна да се пече.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија