ПИЛЕШКИ КОЦКИ

Потребни состојки:

· 1 средно голема кокошка
· 200 г кашкавал со Знак за квалитет
· 200 г сечкана шунка со Знак за квалитет
· 2 павлаки со Знак за квалитет
· 4-5 јајца

Начин на приготвување:

Кокошката се вари и се сечка на ситни парчиња. Исто така, и кашкавалот и шунката се сечкаат на ситни коцкички. Во подмачкано тавче бр. 28 се реди исечканото пилешко месо, потоа се редат исечканите шунка и кашкавал и се ставаат во рерна да се потпечат. Кога сето тоа ќе се потпече, се прелева со изматените јајца и павлака. Кога смесата ќе се олади, се сече на мали коцки и се боцка со чепкалки.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија