ПИЛЕШКИ ШНИЦЛИ СО СИРЕЊЕ

Потребни состојки:

· 4 пилешки гради
· 4 лажици павлака со Знак за квалитет
· 150 г гауда сирење (кашкавал) со Знак за квалитет
· 50 г масло
· 50 г пармезан
· 2 јајца
· сол, црн пипер и брашно

Начин на приготвување:

Пилешкото месо се одделува од коските и се меле. Потоа се додаваат пармезан, павлака, сол, црн пипер и гауда, сечена на коцки. Смесата добро се меша за да се поврзе и од неа се прават шницли кои се натопуваат во изматените јајца и во брашно и се пржат во врело масло. Се служи со сос од домати.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија