ПИЛЕ СО КАШКАВАЛ

Потребни состојки:

· 1 поголемо пиле
· сол, црн пипер
· 4 лажици масло
· 4 парчиња шунка со Знак за квалитет
· 4 парчиња гауда сирење со Знак за квалитет ( може да се замени со кашкавал со Знак за квалитет)
· 1 / 8 л павлака со Знак за квалитет
· 1 лажичка сенф
· 2 јајца


Начин на приготвување:

Пилето се мие а потоа се брише со салфетка и се сече на парчиња. Секое парче месо се трие со сол и црн пипер. Јајцата се матат и во нив се макаат парчињата пилешко месо и се пржат во загреано масло. Пржените парчиња се редат во подмачкана огноотпорна чинија, преку нив се редат парчињата шунка и гауда сирењето или кашкавалот. Павлаката се мати со сенф и со неа се прелева пилето. Се пече во рерна на средна температура околу 15 минути.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија