ПИТА СО ПЧЕНКАРНО БРАШНО

Потребни состојки:

· 1/2 кг поситно пченкарно брашно
· 250 г масло или маст
· спанаќ
· сирење со Знак за квалитет
· јајца
· јогурт со Знак за квалитет
· сол

Начин на приготвување:

Просејте го брашното и направете куп како кога месите пита, додајте сол и замесете го со врела вода. (Водата треба да биде прилично врела, брашното се меша со дрвена лажица, а потоа кога ќе истине се меси со рака). Од брашното треба да добиете меко тесто како за леб. Поделете го на два дела, за две кори. Подобро е кората да ја правите на некоја штица што ќе можете да ја подигнете и така да ја истресете кората во тепсијата, а може да се сука и на штица со сукало и полека да се стави на подмачкана тепсија. При префрлувањето внимавајте кората да не испука. Додека ја сучете кората фрлајте брашно и немојте да ја правите многу тенка. Од страните на тепсијата оставајте краишта што ќе можете да ги виткате како виткалник. Врз кората ставете фил по желба (пржен праз во кој сте додале сирење и јајца, спанаќ приготвен како за пита или, пак, само јајца и сирење). Секако, многу повкусна е питата со спанаќ.
Исучете ја и другата кора и покријте го филот, одозгора притискајте со прстите за да се формираат вдлабднатини, а од страните завиткајте ги витките. Одозгора попрскајте ја питата со масло и ставете ја во рерна да се пече. Откако ќе се испече, извадете ја од рерната и додека е уште топла, попрскајте ја со јогурт и покријте ја за да го впие јогуртот.
Се служи топла.

 

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија