ПОГАЧА ОД ПЧЕНКАРНО БРАШНО НА КУМАНОВСКИ НАЧИН

Потребни состојки:

· 1,5 кг пченкарно брашно
· 200 г маст или масло
· 200 г сирење со Знак за квалитет
· 2 јајца
· малку квасец и сол

Начин на приготвување:

Ставете го брашното во сад, додајте го растопениот квасец (може и без квасец) и замесето го со млака вода и сол. Приготвената смеса треба да е густа како каша за да се стави во садот во кој ќе се пече.
Во друг сад разматете ги јајцата, издробете го сирењето и измешајте го со јајцата. Подмачкајте ја тавата со доста маст, ставете еден дел од смесата и потпечете го во рерна. Кога смесата ќе се потпече, извадете ја тавата и попрскајте ја смесата со врела маст и со јајцата и сирењето. Врз ова ставете го вториот дел од пченкарната смеса и пак ставете да се потпече. Ова можете да го повторувате 3 - 4 пати.
Кога ќе се испече последната кора, погачата исечете ја на парчиња и прелејте ја со врела маст и со малку вода.
Се служи топла со супа или со кисело млеко.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија