ПОЛНЕТИ КОМПИРИ

Потребни состојки

· 8 компири со слична големина
· 60 г маргарин
· 20 г брашно
· 2 дл млеко со Знак за квалитет
· 200 г шампињони
· 1 лажица Зачиналал
· 60 г сирење, исечкано на коцки со Знак за квалитет
· исечкани лук и магдонос
· црн пипер

Начин на приготвување:

Компирите се лупат и се варат. Полусварените компири се цедат, се издлабуваат и се полнат со филот.

Начин на приготвување на филот:

На растопениот маргарин му се додаваат брашно и "Зачиналал". Полека се додава млекото и се вари додека сосот се згусне. Посебно, на маргарин, се пржат шампињоните, а потоа им се додаваат сирењето и исечканите лук и магдонос. На крај се додава црн пипер.

Наполнетите компири се ставаат во подмачкана тепсија и се печат во рерна околу 20 минути. Се служат со разни салати.

Време на приготвување: околу 45 минути.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија