ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА

Потребни состојки:

· јајца
· салама со Знак за Квалитет
· магдонос
· мајонез

Начин на приготвување:

Најпрвин се варат јајцата, да бидат преварени. Потоа се лупат и се сечат на половина, напречно. Жолчката од сите јајца се гмечи во еден сад и се додава ситно исечкана салама, магдонос и мајонез. Сето тоа се меша и со таа смеса се полнат јајцата и се прават како топчиња.
Се сервираат во голема чинија, со салама, кашкавал, свеж зеленчук и друго по избор.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија