ПОЛНЕТИ ПАЛАЧИНКИ

Потребни состојки:

За тесто:

· 4 јајца
· 100 г брашно
· 1,5 дл млеко со Знак за квалитет
· 40 г пармезан
· сол, црн пипер

За фил:

· 150 г кашкавал со Знак за квалитет
· 1 дл кисело млеко со Знак за квалитет
· 30 г пармезан
· сол, црн пипер


За прелив:

· 400 г излупени домати
· 100 г путер
· магдонос
· 1 лажица Зачинал

Начин на приготвување:

Состојките за тесто се мешаат (класично, како за сите други видови палачинки), па се пржат десетина парчиња. Се полнат со филот кој се приготвува на следниот начин: кашкавалот се сече на ситни коцкички, се меша со кисело млеко, пармезан и се додаваат малку сол и црн пипер.
Наполнетите палачинки се редат во огноотпорен сад.
На зејтин се пржат излупените домати, се додава Зачинал и малку магдонос. Со таа смеса се прелеваат паличинките и се ставаат во рерна дваесетина минути да се потпечат.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија