ПОЛНЕТО ПИЛЕ СО ПЕЧУРКИ (АЛА СЕРЕНАДА)

Потребни состојки:

· 1 пиле од 1,300 кг
· 200 г печурки (од конзерва)
· 1 филџан ориз
· 3 лажици трошки од една земичка
· 3 лажици павлака со Знак за квалитет
· 2 јајца
· 150 г маргарин
· 2 лажици Зачинал
· 1 лажиче црн пипер, 1 лажица магдонос и оригано.


Начин на приготвување:

Пилето се посолува , се посипува со Зачинал и се остава да стои. За тоа време се подготвува филот.
Во сад се загреваат 50 г маргарин и кога е загреан на него се пропржуваат исечканите печурки. При крајот на пржењето се додава магдонос и се динстува околу 20 мин. Потоа се додаваат оризот (претходно сварен), ориганото , јајцата и малку се пропржуваат за да се згусне смесата. На крајот се додаваат трошки и павлака. Со филот се пополнува отворот на пилето и се шие со конец или се зафаќа со игли за месо. Тавата се мачка со маргарин и се ства пилето. Над него се става преостанатиот маргарин, се покрива со фолија и се пече околу 1 час. За време на печењето често се прелева со сокот кој го испуштило пилето во печењето.
Печено се сервира со пире од компири и со салата.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија