ПОЛНЕТИ КОЛБАСИ

Потребни состојки:

· 1 кг тенки колбаси
· свински врат со Знак за квалитет
· кашкавал со Знак за квалитет
· печурки
· 1 кг компири
· сирење со Знак за квалитет
· 1 јајце
· сол, Зачинал, црн пипер
· 2 филџана млеко


Начин на приготвување:

1 кг тенки колбаси се сечат на средината и се полнат со парче свински врат, парче кашкавал и печурки, претходно потпржени. Потоа колбасите се врзуваат со конец и се печат во рерна. Се сервираат со потпечени компири.


1 кг компири се варат и се сечкаат на крупни коцки. Во стаклена тава која се премачкува со зејтин, се ставаат еден ред компири, еден ред рендано сирење и така се реди уште еднаш. Едно јајце се мати со малку сол, 1 лажица Зачинал, црн пипер, 2 филџана млеко и со ова се прелеваат компирите. Се печат 10-15 мин. и се сервираат со колбасите.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија