ПОТПЕЧЕН КАРФИОЛ

Потребни состојки:

· 1 кг карфиол
· 30 г брашно
· 100 г маргарин
· 3-4 дл млеко со Знак за квалитет
· 1 лажица Зачинал
· мускатно оревче
· 1 жолчка од јајце
· магдонос


Начин на приготвување:

Карфиолот се вари. Во тава се топи маргаринот, се додава малку брашно и се залева со топло млеко. На смесата n се додава Зачинал и мускатно оревче и така се остава да врие малку. Кога ќе се свари смесата, се додаваат магдоносот и жолчката.
Варениот карфиол се става во огноотпорен сад, се прелева со сосот и се става во рерна да се потпече. Се служи како топло јадење или како додаток со некакво печено месо.

Време на приготвување: околу 30 мин

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија