РОЛАТ ОД БЕЛО ПИЛЕШКО МЕСО

Потребни состојки:

· 1 пиле од 1,800 кг
· 200 г печурки
· 200 г сува сланина со Знак за квалитет
· 2 дл /една чаша / бело вино
· 1 лажица брашно
· 1 лажица Зачинал
· 1 дл масло
· 1 китка магдонос
· 1 сварен морков
· 2 лажици кисела павлака со Знак за квалитет
· сол, црн пипер

Начин на приготвување:

Од пилето се вади белото месо, се одвојува од коски, а останатото месо, посолено се вари додека да омекне. Потоа се вади од супата, се става во тава, се прелева со 1 дл масло и се пече во рерна околу 20 мин. на температура од 250 степени. Печеното месо се одвојува од коските и ситно се сечка.
Се зема маснотијата во која се печело месото и на неа се пропржуваат печурките, потоа се додаваат сечканата сланина, една лажица брашно, сол, Зачинал, црн пипер, вино, исечканото пилешко месо, павлаката, морковот и магдоносот. Смесата се изедначува, се покрива со капак и се става на оган околу 5 мин. Со оваа смеса се полнат кошнички.

Кошнички:

2,5 дл млеко се става во длабок сад, се мати едно јајце , 2 лажичиња прашок за печиво, едно лажиче сол, 150 г брашно.
Во половина литар загреано масло се загрева црпалка. На загреаната црпалка од надворешната страна се истура приготвената смеса. Се пушта во маслото и се притиска на дното од тенџерето за да се добие саканата форма, а потоа, кога ќе се зрумени, се вади и се одвојува од црпалката.
Кошничките се полнат со приготвената смеса.
Од белото месо се прават шницли и се толчат. За тоа време се подготвува фил:

Фил:

150 г. кашкавал и 150 г. сува сланина, се сечкаат на коцки , се додаваат две белки цврсто изматени, еден морков и една китка магдонос. Шницлите се солат, им се додава и малку Зачинал, се става филот и се виткаат во ролат. Се врзуваат со конец или се закачуваат со игли за печење месо.
На 3 дл масло се пропржуваат ролатите додека добијат румена боја. Потоа се вадат од маслото, се ставаат во друго тенџере во кое има малку вода и маснотија од пржењето и се динстуваат на тивок оган околу 1,30 ч. Готови и оладени, ролатите се сечат на тркалца и се гарнираат по желба.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија