РОЛАТ ОД МЕСО

Потребни состојки:

· 900 г свинско или телешко месо
· 3 тврдо варени јајца
· 150 г пилешки џигери
· 1 лажица Зачинал
· 2 лажици маст
· црн пипер, сол
· 2 лажици кисело млеко со Знак за квалитет

Начин на приготвување:

Месото се реже на две големи парчиња и се тенчи со чукање. Остатоците од месото се мелат, па заедно со иситнетите џигери се пржат на малку зејтин. Се додаваат црн пипер, сол, Зачинал, исечканите јајца, киселото млеко и сето тоа добро се меша.
Парчињата месо се посолуваат и се мачкаат со подготвениот фил, се виткаат во форма на ролат и се врзуваат со конец. Вака подготвениот ролат се пропржува од сите страни на маст, а потоа полека се пржи во затворен сад, со дотурање вода. На крајот, за да добие црвена боја, се потпекува во рерна околу 15 мин.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија