САЛАТА СО ЧАДЕНО ПИЛЕШКО МЕСО

Потребни состојки:

· 4 домати
· 2 зелени салати
· една пиперка
· 2 лажици масло
· 300 г месо од чадено пиле, може и печено
· сол, црн пипер
· 100 г павлака со Знак за квалитет
· копар, магдонос и сок од лимон.

Начин на приготвување:

Добро измиените зелени салати се цедат и се кинат на поголеми парчиња. Доматите се сечат на покрупни резанки, а пиперката на многу тенки ленти. Во длабока чинија се мешаат зеленчуците. Одделно се мешаат маслото, сокот од лимон, црниот пипер, копарот, магдоносот и павлаката. Добро се промешуваат да се добие хомогена маса. Врз зеленчукот се додава исеченото пилешко месо и рамномерно се прелева со приготвената смеса. Се служи веднаш или разладена.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија