САЛАТА ОД ЦВЕКЛО И КРАСТАВИЦИ СО КИСЕЛО МЛЕКО

Потребни состојки:

· 3 - 4 цвекла со лисја
· 1 кг кисело млеко со Знак за квалитет
· 2 излупени свежи краставици, исечени на тркалца
· 1 лажица ситно исечени мирудии
· 3 тврдо сварени јајца, исечени ситно

Начин на приготвување:

Цвеклата исчистени и измиени се обаруваат заедно со лисјата, па се сечат на тенки резанки, а лисјата се гмечат. Киселото млеко се мати, му се додаваат краставиците, цвекло, мирудиите и јајцата. Сето тоа добро се меша и до служење се чува во фрижидер.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија