САЛАТА ОД ТИКВИЧКИ

Потребни состојки:

· 1 голема тиквичка
· 1 главица лук
· 1/2 кг кисело млеко со Знак за Квалитет
· црвен пипер, сол

Начин на приготвување:

Тиквичката се сечка на кругови кои се пржат додека да добијат кафеава боја. Потоа се сервираат во чинија. Се додаваат ситно сечкан лук, црвен пипер и сол по желба. На крај салатата се прелева со кисело млеко и се става во фрижидер да се олади. Салатата се служи ладна.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија