ШНИЦЛИ СО СПАНАЌ

Потребни состојки:

· 8 телешки шницли
· 1 кг спанаќ или зелка
· сол, црн пипер, брашно, путер или масло
· 1 дл вино
· 1 дл павлака со Знак за квалитет
· малку вино

Начин на приготвување:

Шницлите се посолуваат, се премачкуваат со црн пипер, се валкаат во брашно и се пржат во врело масло или загреан путер (путерот никогаш не треба многу да се загрева). Спанаќот се вари во посолена вода, а потоа се цеди. Во загреана тепсија се става спанаќот а врз него се редат шницлите. Во тавата во која се пржеле шницлите се додаваат вино и павлака и се вари 2-3 минути. Со овој сос се прелеваат спанаќот и месото и се служи.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија