СОЛЕН МЛЕЧНИК

Потребни состојки:

· 500 г брашно
· 6 јајца
· 300 г сирење со Знак за квалитет
· малку млеко со Знак за квалитет
· масло и сол

Начин на приготвување:

Во брашното додајте малку сол и замесете тесто како за пита. Од тестото расукајте кора дебела еден прст и ставете ја врз подмачканата тепсија.
Изматете ги јајцата, додајте малку млеко или вода, а потоа ставете го сирењето, ситно издробено, и сето тоа посипете го врз кората - претходно попрскајте со малку масло. Врз јајцата ставете малку искршени јуфки, попрскајте ги со масло и ставете го солениот млечник да се пече.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија