СОЛЕНА ПОГАЧА ОД ПЧЕНКАРНО БРАШНО

Потребни состојки:

· 1 кг пченкарно брашно
· 250 г масло
· 500 г спанаќ
· 250 г сирење со Знак за квалитет
· јогурт со Знак за квалитет
· сол

Начин на приготвување:

Тепсијата во која ќе ја приготвувате солената погача попрскајте ја добро со масло, потоа посипете еден слој од брашното со дебелина од еден прст, а одозгора попрскајте ја со солена вода, да биде натопено сето брашно, но да не биде многу водено. Потоа попрскајте ја сето со масло и ставете го приготвенит фил


Измијте го спанаќот, исечете го ситно, посолете го и изгмечете го малку со раце, па додајте го претходно издробеното сирење.
Врз филот пак посипете брашно и попрскајте ја со вода и со масло како претходната кора, и ставете ја солената погача да се пече. Кога ќе се испече, извадете ја од рерната, попрскајте го со топол јогурт и покријте го за да го впие јогуртот. Се служи топла, со јогурт или кисело млеко.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија