СОЛЕН РОЛАТ СО СПАНАЌ

Потребни состојки:

· 6 јајца
· 4 лажици спанаќ
· 4 лажици брашно
· сол
· кашкавал со Знак за квалитет
· салама со Знак за квалитет
· 2 павлаки со Знак за квалитет


Начин на приготвување:

Се матат 6 жолчки со 4 лажици исечкан, претходно обарен спанаќ. Потоа се додаваат 4 лажици брашно, сол по вкус и 6 изматени белки.
Се пече во тепсија со зејтин и хартија.


Фил: сечкан кашкавал, сечкана салама и 1 павлака. Сето ова се меша и се мачка ролатот. Откако ќе се завитка, ролатот одозгора се мачка со уште една павлака.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија