СУПА ОД ПРАЗ

Потребни состојки:

· праз
· масло
· леб
· кашкавал со Знак за квалитет
· сирење со Знак за квалитет
· црн пипер, сол

Начин на приготвување:

На масло пропржете околу 100 г ситно исечен праз, додајте една лажица брашно и продолжете го пржењето, сi додека не се вцрви брашното, потоа налејте 1 л вода, ставете сол и неколку зрна црн пипер и оставете ја супата да зоврие.
Посебно испржете леб исечен на коцки, па при сервирање во чинијата за супа ставете првин од пржените лепчиња, посипани со изрендани кашкавал и сирење, па врз тоа сипете ја супата и оставете ја да постои поклопена десетина минути. Пред да ја сервирате, промешајте ја и ставете малку црн пипер.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија