СУПА СО СЛАНУТОК

Потребни состојки за супа:

· 250 г моркови
· 250 г компири
· 250 г праз
· целер
· 2 главици кромид
· дафинов лист
· една келераба
· лажица масло
· 300 г сварен слануток
· китка магдонос
· 1,5 литри супа од коцка

Потребни состојки за кнедли:

· 50 г путер
· сол
· 100 г гауда сирење со Знак за квалитет
· 2 јајца
· црн пипер
· 80 г брашно

Начин на приготвување:

Исчистениот кромид и зеленчук се сечкаат. Кромидот кусо време се пропржува, се додава зеленчукот и заедно се пржат додека добијат боја. Се прелеваат со супа, се додава дафинов лист, се посолуваат, се додава црн бибер и се варат 30 минути. Во меѓувреме се приготвуваат кнедлите. Во 1/8 литри солена вода се додава путерот и кога ќе зоврие се додава брашното и добро се меша за да се добие тесто без грутчиња.
Се преместуваат во друг сад, се додава сирењето и едно по едно јајцата, при што постојано се меша. Од приготвеното тесто се земаат долгнавести форми со лажица и се варат околу 5 - 8 минути. Кнедлите се додаваат во супата и сi се посипува со ситно сечкан магдонос. Претходно сланутокот, добро сварен, се додава во супата.

Совет: бидејќи сланутокот е како грав, добро е од вечер да се покисне во вода, а да се вари следниот ден.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија