ТЕГНЕТА ПИТА

Потребни состојки:

· 1 кг брашно
· 1 филџан зејтин
· половина квасец
· сол
· сирење со Знак за квалитет (спанаќ, праз)
· 1 јајце


Начин на приготвување:

Се замесуваат 1 кг брашно, 1 филџан зејтин, малку сол и половина квасец. Откако ќе се замеси тестото, се дели на 8-10 парчиња. Секоја кора по малку се расукува, се мачка со зејтин, и одоздола и одозгора, и се остава да постои 15 мин. Потоа се тегне, а краевите се сечат. Се попрскува само малку со зејтин и се става фил по желба (сирење со јајце, спанаќ или праз). Се пече во загреана рерна.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија