ТОПЛИ СЕНДВИЧИ

Потребни состојки:

· 150 г сирење трапист
· 150 г шунка со Знак за квалитет
· 3 јајца
· 20 г сирење со Знак за квалитет
· 1,5 дл кисело млеко со Знак за квалитет
· 1 лажица Зачинал
· магдонос, сол, црн пипер
· 8 парчиња леб
· 0,5 дл млеко со Знак за квалитет

Начин на приготвување:

Трапистот се ренда, а шунката се сечка на ситни коцки. Во измешаните јајца се додаваат трапист, шунка, исечкан магдонос, сирење, сол, црн пипер, Зачинал и кисело млеко, па се меша во густа кашеста маса. Секое парче леб кратко се натопува во млеко, и се става во намачкано тавче едно до друго.

На секое од парчињата се ставаат по 2-3 лажици од добиената смеса и се ставаат во топла рерна да се потпече. Се служат со топол чај, пиво или со вино.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија