ЗЕЛЕНА САЛАТА СО КИСЕЛО МЛЕКО

Потребни состојки:

· 1 - 2 салати
· 2 варени жолчки од јајца
· 1 - 2 чешниња лук
· сол, црн пипер
· 1 л овчо млеко со Знак за Квалитет
· варени јајца и магдонос - за украсување (по желба)

Начин на приготвување:

Измијте ја салатата, поделете ја на ливчиња, исечете ја добро на помали резанки и ставете ја во сад во кој ќе ја подготвувате салатата.
Посебно изгмечете две тврдо варени жолчки со малку масло, толчен лук и црн пипер. Жолчките додајте ги во киселото млеко. Потоа измешајте го сето тоа и додајте го останатиот дело од маслото. Повторно измешајте и ставете ја салатата во чинијата во која ќе ја служите или, пак, сервирајте ја во посебни мали чинии.
Салатата може да се украси со тркалца од варени јајца и ливчиња од магдонос.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија