Достигнувања

Во изминатите пет години, програмата Знак за квалитет доведе до евидентни резултати:

Здружението, со своите 50 членови, кои претставуваат околу 70% од вкупните производствени капацитети на овие две индустрии во Македонија, е најголема асоцијација од прехранбената индустрија во Републиката;

Веќе 99 производи од производствениот асортиман на 25 различни производители на месни и млечни производи се сертифицирани со Знакот за квалитет;

Значително е зголемена продажбата на производите со Знак за квалитет (зголемувањето достигнува над 50% на годишно ниво);

Производството на месни производи е зголемено за повеќе од 300%;

Производството на млечни производи е зголемено за повеќе од 44%.

Инвестирани се преку 63 милиони американски долари во овие индустрии.

 

Според последните анализи, над 70% од потрошувачите во Републиката го препознаваат Знакот за квалитет, а кај речиси сите од нив (поточно 70% од вкупниот број потрошувачи) производите со Знак за квалитет се дел од секојдневната исхрана.

Награди

Како потврда на нашиот успех, Здружението се здоби со наградата 2003, ЗДРУЖЕНИЈАТА ГРАДАТ ПОДОБАР СВЕТ, која се доделува од Американската Асоцијација на Асоцијации (ASAE) во категорија на економски достигнувања.

Потрошувачите го избираат квалитетот на месните и млечните производи!

Веќе две години по ред (2000, 2001), со помош на потрошувачите, се избираат најдобрите производи со Знак за квалитет за таа година. Според пристигнатите гласови од потрошувачите, следните производи со Знак за квалитет се оценети за најдобри во 2001 година:




Најубав вкус на месен производ:
ПИЛЕШКИ ГРАДИ ВО ЦРЕВО од Солета - Скопје

Најдобро пакување на месен производ:
ВИРШЛИ од Солета - Скопје

Најубав вкус и најдобро пакување на млечен производ:
ТРАЈНО МЛЕКО од Млекара АД - Битола


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија