Добивање на Знакот за Квалитет

 

Доделувањето на Знакот за квалитет е континуиран процес на кој му претходат повеќе последователни фази, при што секоја од фазите е елиминаторна:

 
I Фаза
Производителот на млечни/месни производи станува член на Здружението.

II Фаза
Доставување на барање од производителот, со листа на потенцијални производи за добивање на Знакот за квалитет.

III Фаза
Дефинирање на стандардна производствена процедура за секој предложен производ за добивање на Знакот за квалитет.

IV Фаза
Физичка инспекција на производствениот капацитет (објект, вработени, суровини, преработка, пакување, дистрибуција).

V Фаза
Лабораториски тестирања на хемиските и микробиолошките параметри на суровините и на потенцијалните производи за добивање на Знакот за квалитет во лабораторијата на Здружението.

VI Фаза
Испитување на потенцијалните производи на Ветеринарниот институт - Скопје, со цел да се потврди дека истите се во согласност со македонските правилници, дефинирани со закон.

VII Фаза
Органолептичко испитување на производите од независен тим за сертификација, при што се оценуваат следниве параметри:

Изглед
Мирис
Текстура
Боја
Конзистенција
Вкус

VIII Фаза
Доколку гореспоменатите испитувања и анализи дадат позитивни резултати, тимот за сертификација доставува до Здружението препорака за сертификација на производите со Знак за квалитет.

IX Фаза
Управниот одбор на Здружението ги верификува производите
со Знак за квалитет.


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија