ГРЧКА САЛАТА

Потребни состојки:

· 1 помала краставица
· 3 помали главици кромид
· по 1 црвена, зелена и жолта пиперка
· 1 домат
· малку оригано и копар
· 200 г овчо сирење со Знак за квалитет
· свежо мелен црн пипер
· малку шеќер, сок од лимон
· 4 големи лажици оцет
· 20 големи црни маслинки

Начин на приготвување:

Краставицата убаво се мие, и без да се лупи, се сече на тенки тркалца (дебели 0,5 см) кои се оставаат да постојат 10 минути. Кромидот, доматите и пиперките, исто така, се сечат на тркалца. Сирењето се сече на коцкички, а копарот се сечка ситно. Се приготвува маринада од сол, црн пипер, оцет и од сок од лимон, се додаваат малку шеќер и сокот што го испуштила краставицата. Се меша, при што постепено се додава маслото и добро се меша да се добие хомогена маса. Во чинија за салата се ставаат зеленчуците, се посипуваат со копар и оригано, се полеваат со маринадата. Одозгора се распоредуваат сирењето и маслинките на кои претходно им се извадени семките.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија