ЌОФТИЊА ОД ЗЕЛЕНЧУК

Потребни состојки:

· китка магдонос
· 1/2 кг спанаќ или киселец
· 3 јајца
· 2 лажици брашно
· 5 - 6 печурки
· 150 г сирење со Знак за квалитет
· 1 чаша павлака или густо кисело млеко со Знак за квалитет
· масло, сол, морско оревче
· 2 главици кромид
· 2 чешниња лук
· неколку гранчиња копар.

Начин на приготвување:

Исчистениот зеленчук се додава во вода што врие и се остава да се вари 2 - 3 минути. Се цеди и ситно се сечка. Се додаваат сол, малку рендано морско оревче, потоа јајцата, брашното и сирењето, гмечено или рендано. Се меша, се формираат ќофтиња, се валкаат во брашно и се пржат во загреано масло. Се служат со кисела павлака во која има додадено лук и копар и ситно исечкан магдонос. Ќофтињата од зеленчук се сервираат топли.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија