МЕДИТЕРАНСКА САЛАТА

Потребни состојки:

· 200 г ориз
· 250 г грашок
· 250 г моркови
· 100 г колбас паризер со Знак за квалитет
· 1 мала главица кромид
· 1 лажица Зачинал
· сол, црн пипер, магдонос, зејтин и вински оцет за Зачинал

Начин на приготвување:

Се вари оризот посебно. Исто така, се варат и грашокот и морковите во солена вода. Варениот зеленчук и ориз се цедат, а морковите и паризерот се режат на ситни коцкички, па заедно се мешаат. Ситно исечканиот кромид, магдоносот, црниот пипер и Зачиналот се ставаат во 1 дл вода и кратко се варат, потоа таа смеса топла се прелева преку зеленчукот. На крај се додава вински оцет и добро се меша. Салатата се сервира во стаклени чаши и се служи како предјадење.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија