МОРКОВИ СО ШУНКА

Потребни состојки:

· 1 / 2 кг моркови
· 200 г шунка со Знак за квалитет
· 4 јајца
· 1 чаша павлака со Знак за квалитет
· 50 г путер или маргарин
· сол


Начин на приготвување:

Морковите се сечат на тркалца и се обаруваат во посолена вода. Се цедат и се мелат. Потоа се додаваат путер, исечкана шунка, павлака, жолчки и на крај изматени белки. Масата се става во подмачкан, со брашно посипан огноотпорен сад, и се пече. Може да се служи како главно јадење со салата.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија