ОХРИДСКИ ПИПЕРКИ

Потребни состојки:

· 1 кг пиперки (8 за полнење, за затворање)
· 300 г младо кравјо сирење со Знак за квалитет
· 200 г трапист
· 100 г кашкавал со Знак за квалитет
· 80 г шунка со Знак за квалитет
· Зачинал, сол
· 80 г зејтин
· 4 јајца за прелевање

Начин на приготвување:

Пиперките се мијат и им се отсекува дршката. Трапистот, кашкавалот и шунката се сечат на коцки од по 1 см и му се додаваат на издробеното младо сирење. Потоа се додава Зачинал, убаво се меша и се полнат пиперките. Секоја пиперка се затвора со парче пиперка и се ставаат на зејтин да се пржат околу 15 мин. Кога пиперките ќе омекнат од сите страни, се зголемува температурата и се прелеваат со кајгана. Кога ќе се испржат се служат топли.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение напроизводители на месни и млечни производи во Македонија