ПИРОШКИ ОД БАТАЦИ

Потребни состојки:

· пилешки батаци
· шунка со Знак за квалитет
· кашкавал со Знак за квалитет
· кисели краставички
· брашно
· 2 јајца
· презла
· лимон
· 1 лажица сенф
· лук
· ореви
· магдонос
· мајонез

Начин на приготвување:

Најпрвин од пилешките батаци се вадат кожата и коските. Потоа се солат и се чукаат како за шницли. На секое парче шницла се става парче долгнавеста шунка, 1 парче кашкавал и кисела краставичка. Се витка во ролат, се става во брашно со сол, потоа се натопува во матено јајце и на крај се валка во презла и се пржи во врел зејтин 10 мин.
Се служи со пире и сос, а одозгора се ставаат лимон исечен на кругови и магдонос.


Сос: 1 лажица сенф, жолчка од варено јајце, 1 ситно сечкана краставичка, лук, малку сечкани ореви, магдонос и мајонез.

Испечати ја страницава Испечати ја страницата


Здружение на производители на месни и млечни производи во Македонија